Спасовски и Ременски не постојат на официјалната страница на Владата

Од:

Според официјалната интернет страница на Владата на РМ, министер за внатрешни работи е се уште Митко Чавков, а министер за труд и социјална политика, се уште е Диме Спасов. И покрај тоа што новите министри за внатрешни и за социјална политика и труд се Оливер Спасовски и Фросина Ременски, од редовите на СДСМ, според договорот на партиите, тие воопшто не постојат на официјалната страница на Владата. http://www.vlada.mk/

Дека новите министри се намерно изоставени од официјалната страница на владата, фрла сомнеж и фактот што оваа страница секојдневно се обновува со нови соопштенија за активностите на премиерот Груевски, како на пример неговото потпишување во книгата на жалоста во Француската амбасада, на 18 ноември, потоа неговата посета на Бардовци од 17 ноевмри, или средбата на Груевски со делегација од Обединети емирати, од вчера.

12243934_10208171610303192_1022544360_n

На страницата можат да се прочитаат и најновите соопшенија за активностите на владата, како за новиот пат Штип – Радовиш, за бесплатни проекти за градба на куќи итн.

Но, иако новите министри Спасовски во МВР и Ременски во труд и социјала се на оваа функција од 12 ноември – за нив нема ниту збор на официјалната страница на Влада на РМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски