Во Руската федерација ќе се преименува република во Чувашка Волгошка Бугарија

Од:

Да немавме проблеми со нашето име со Грција ова ќе ни звучеше најнормално но во Руската Федерација, интелектуалците на една федерална единица побараа преименување на Републиката во Чувашка Волгошка Бугарија.

Во времето на СССР оваа република беше преименувана во Чувашка Република но денес граѓаните сакаат да си го вратат името на републиката назад.

На почетокот од 1920 година оваа Република е преименувана во Чувашка АССР Бугарија а историчарите ја знаат како Волгошка Бугарија.

Во Чувашија според резултатите од пописот на населението од 2010 година, повеќе од 96,8% од населението се состои од четири етнички групи – Чуваши, Руси, Татари и Мордвијани. Според податоците, во 2010 година, во Републиката, имало повеќе од 67% Чуваши . Нивниот број во споредба со 2002 година, кога беше претходниот попис, се намали за 0,7%. Руси, повеќе од 26% (во 2002 година , 26,5%), Татари, повеќе од 2,8% (2002: -2,8%), Мордовјани , повеќе од 1% (во 2002 година – 1,2%).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина