„Идеологијата на ренесансната и маниристичка уметност во Италија“ од Татјана Филиповска

Од:

Издавачката куќа „Панили“ од Скопје ја објави книгата „Идеологијата на ренесансната и маниристичка уметност во Италија“ од проф. д-р Татјана Филиповска.

– Низ научни согледби авторката пишува за идеологијата и општествената ангажираност во европската ликовна уметност на модерното доба. Посебен акцент става на врвните дела, преку кои јасно се отсликуваат општествениот, политичкиот и историскиот контекст во кои тие се создадени, соопшти издавачот.

Татјана Филоповска е редовен професор на Институтот за историја на уметноста и археологија на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Нејзините досегашни научни истражувања се посветени на италијанската уметност, односно на венецијанското сликарство.

Меѓу големиот број трудови, објавени во домашни и странски изданија, посебно се издвојуваат книгите: Тицијан, Комедијата во венецијалнското сликарство и Празничната сцена на венецијанското сликарство во 18 век.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска