Во северозападниот град Сату Маре во Романија, специјалната романска антитерористичка служба запленила 50 килограми, висококвалитетен кокаин од Јужна Америка.
Вредноста на запленетата дрога се проценува дека изнесува пет милиони евра.
Крајната дестинација на оваа дрога била Шпанија.
Шверцерите се обиделе да го продадат кокаинот за три милиони евра во моментот кога биле уапсени.