Скопскиот дувачки квинтет синоќа во Културниот центар „Енав“ во Тел Авив се претстави со целовечерен концерт по повод одбележувањето 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и Израел.
Концертот наиде на одличен прием од публиката, а покрај класични, беа изведени македонски и израелски дела.
На настанот му претходеше и македонско-израелска изложба на фотографии од авторите Карие Харт и Љупчо Благоевски. Настанот беше во организација на македонската Амбасада во Израел, а со поддршка од Министерството за култура на Македонија.
Скопскиот дувачки квинтет утре ќе настапи во Италијанско-еврејскиот музеј во Ерусалим, каде ќе одржи целовечерен концерт на кој ќе бидат изведени дела од Хајдн, Фаркаш, Бизе, Гершвинкако и македонски и израелски автори.