Детроит поуспешен од Кливленд

Од:

Екипата на Детроит ја постигна шестата победа во лигата откако ноќеска пред своите гледачи го победи Кливленд со 104:99.

Најдобар поединец на дуелот беше Андре Драмонд со 25 поени и 18 скокови („дабл-дабл“ учинок има на сите 11 натпревари), додека Реџи Џексон имаше 23 поени и 12 асистенции.

Во редовите на Кливленд најефикасен беше Леброн Џејмс со 30 поени (23 ги постигна во првото полувреме). Џејмс воедно стана 19.ти кошаркар на листата на стрелци во историјата на НБА лигата со 25.213 поени и успеа да го мине Џери Вест (25.192 поени). Прв пред него сега е Реџи Милер (25.279 поени).

Шампионот Голден Стејт ја продолжи серијата победи откако и во 12.тиот натпревар славеше триумф над Торонто на домашен терен.

Резултати на ноќеска одиграните натпревари:
Вашингтон – Милвоки 115:86,
Бруклин – Атланта 90:88,
Детроит – Кливленд 104:99,
Мајами – Минесота 91:103,
Њујорк – Шарлот 102:94,
Њу Орлеанс – Денвер 98:115 и
Голден Стејт – Торонто 115:110.

Вечерва се играат десет натпревари.

Пласман Источна конференција: Кливленд 8-3 (победи-пораи), Чикаго 7-3, Атланта 8-5, Бостон 6-4, Мајами 6-4, Торонто 7-5, Вашингтон 5-4, Индијана 6-5, Детроит 6-5,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 12-0, Сан Антонио 8-2, Далас 7-4, Феникс 6-4, ЛА Клиперс 6-4, Оклахома Сити 6-5, Денвер 6-5, Јута 5-5, Мемфис 6-6,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on