Истражување: Македонците на пазарување одат пеш, купуваат секој ден и не ги читаат декларациите

Од:

Македонците и Србите пазарат повеќе пати во неделата, додека Словенците само еднаш, покажува истражувањето на потрошувачките навики во земјите од поранешна Југославија, спроведено од Институтот за истражување на пазарите и медиумите „Медијана Адрија“ во Македонија, Словенија, Србија и Хрватска.

Според менаџерот на проектот „Медијана“ Борислав Радојковиќ, анализата на одговорите на испитаниците покажува голема разлика меѓу потрошувачите на релативно мал пазар.

Истражувањето покажува дека најчесто пазарат Србите и Македонците, од кои три четвртини двапати неделно, а голем број и секојдневно. Најретко во продавница одат Словенците, од кои една четвртина пазаруваат еднаш во неделата.

Додека Србите и Македноците купуваат намирници за пократок временски рок, Словенците и Хрватите пазаруваат за подолг период. Исто така, тие повеќе ги посетуваат големите пазарни објекти, додека во Србија популарни се локалните продавници.

– На неделно ниво по потрошувачка за храна, Словенците се на прво место, по нив следат Хрватите, а значително помалку трошат Србите и Македонците, наведува Радојковиќ.

Околу 30,7 проценти од српските потрошувачи имаат специјален ден за пазарување, додека 20-30 проценти од Словенците немаат посебен ден за пазарување.

Карактеристично е тоа што просечната километража што Словенците ја минуваат за купување е шест километри, додека во Србија таа изнесува 1,97 километри. Согласно со тоа најголем процент од Словенците и Хрватите на пазарување одат со автомобил, додека 61,7 проценти од Македоницте и 52,3 отсто од Србите пеш.

Интересно е тоа што дури 38 проценти од Словенците ги читаат декларациите на производите, додека таква навика имаат само 20 проценти од населението во Македонија.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски