Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) изрази загриженост од апсењето на новинар во Грција, кој беше обвинет дека објавил список на лица, осомничени дека имаат банкарски сметки во Швајцарија.
Според Дуња Мијатовиќ, одговорна во ОБСЕ за слободата на печатот, „обврска на печатот како инстанца за контрола на демократијата, е да објавува деликатни информации“.
Таа побарала во соопштение до грчките власти и до грчкото правосудство да „го најдат вистинскиот пат меѓу почитување на личниот живот и правото на информација на јавното мислење“,
Новинарот Костас Ваксеванис излезе вчера пред истражен судија, за да одговара по обвиненија за нарушување на законот за заштита на личните податоци.
Ваксеванис, издавач на списанието „Хот док“, беше уапсен во неделата изутрина со наредба на обвинителството поради тоа дека го објавил во саботата „списокот Лагард“ со 2.059 имиња, меѓу кои фигурираат повеќе познати личности.
Весникот објави дека списокот го добил од анонимен извор, а властите не потврдија дали објавениот список е автентичен.
„Списокот Лагард“ содржи имиња на лица со големи сметки во филијали на банката „Ејч-Ес-Би-Си“ во Женева, осомничени за корупција и даночни измами. Тој и беше даден на Грција од француските власти во 2010 година