Либерално-демократската партија се оградува од Роза Топузова-Кареска, како дел од Анкетната комисија во Собранието на Р. Македонија, за утврдување на околностите и наводите поврзани со прислушкуваните разговори. Топузова Кареска е таму по предлог на режимот на ДПМНЕ, се’ со цел да не се расчисти аферата со прислушкувањето и да се блокира работата на Анкетната комисија.
Либерално-демократскaта партија, во рамките на 78-та седница, денeска гласаше против составот кој ќе работи во Анкетната комисија , бидејќи како партија, не сакаме да сносиме историска одговорност за одлуките кои што ќе ги носи Топузова Кареска во име на ЛДП.
Личноста, која за цело време во парламентот е против договорот од Пржино, со омаловажување и неприфаќање, сега се вклучува во имплементацијата на неговите одредби.
Ваквото однесување на Топузова Кареска е под секое достоинство и не може никако поинаку да се толкува, освен како политичка перверзија.
За потсетување на јавноста, на претходната седница во Собранието на Р. Македонија, Топузова Кареска, при расправа за Законот за професионални војници, бурно реагираше дека не е независен пратеник, туку во Собранието настапува како претставник на ЛДП, за што постојат и стенограмски записи.
ЛДП утре ќе даде преставка за изигрување на одлуката за формирање на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, каде јасно стои дека еден пратеник треба да биде од независните пратеници, а Топузова Кареска формално не се води како независен пратеник, за што потврдува и веб страната на Собранието на Р. Македонија.