ВИДЕО: Левица бара намалување на паричниот надоместок за формирање партија

Од:

Активистите од „Ленка“ и „Солидарност“ кои ја формираат новата партија Левица денеска до собранието на Република Македонија доставија предлог закон за изменување на законот за политички партии. Од Левица бараат да се отстрани носењето на уверение за државјанство, бидејќи биометриската лична карта била доволен доказ за државјанство, како и намалување на финансиските потешкотии за формирање политичка партија.

– Денеска дојдовме да оставиме предлог закон за изменување на законот за политички партии бидејќи сметаме дека постои услов со кој се оптоварува постапката за регистрација на политички партии. Имено тоа е доставувањето со илјади потписи и уверение за државјанство. Ние веќе испративме иницијатива за испитување на уставност и законитост до Уставен суд, затоа што сметаме дека важечка биометриска лична карта е доволен податок дека некој е државјанин. Значи не е проблем бројката, ние би собрале и две илјади потписи, само да ги нема овие финансиски и бирократски потешкотии. Вкупната сума се движи околу 6 илјади евра, што е минимум 300 денари од човек, вели Дејан Лутовски од Левица.

Според Здравко Савевски од Левица, избирачкиот список е доволен доказ дека некој е државјанин на Македонија, а финанскискиот надоместок е само осиромашување на граѓаните.

– Ова не го правиме за нашиот случај бидејќи е веќе во тек, туку за во идни случаеви да нема вакви проблеми и некоја партија да мора да ги осиромашува граѓаните за една работа која е тотално бирократска процедура, која едноставно не е потребно. Ако му треба потврда на судот дека некое лице е државјанин на Република Македонија, има увид во избирачкиот список. Ако тој е во избирачкиот список, а не е државјанин на Македонија, тогаш зошто воопшто него го има во избирачкиот список, вели Савевски.

На прашањето што понатаму со синдикалната повелба, Савевски вели дека ќе имаат состанок на Синдикалната повелба и да видат што е размислувањето колегите од некои од синдикатите кои што имаат забелешки.

– Мора да се разбере дека ние сме тука да ги промовираме работничките интереси, не сме тука да наштетуваме на работничките интереси, така што оној однос синдикат-партија треба повторно да се размисли. Оние членови кои се во синдикатите од партијата ќе ги застапуваат интересите на синдикатите, а не обратно. И мора, конечно во Македонија, оние луѓе кои се членови во партија и во синдикати, не во синдикатот да внесуваат партиски директиви, туку во партијата да ги поднесуваат синдикалните барања, вели Савевски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски

Бојанов: Советничка од Левица која е ударна тупаница на СДС, има бујна имагинација и за да ги сокрие своите врски со криминалното скопско подземје се служи со клевети и навреди

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица