ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски бара алиби за поразот кој ќе го доживее на следните избори

Од:

По повод денешната прес конференција на Игор Ивановски, ВМРО-ДПМНЕ го истакнува следново:

Очигледно е дека г. Црвенковски бара алиби за политичкиот пораз кој ќе го доживее на следните избори. Тоа не го прави прв пат, го праваше во 2011 година, пред предвремените парламентарни избори. Го правеше со истиот речник, истите зборови и со истата напумпана реторика. Верувам сите се сеќавате на моментите кога велеше “ајде на избори”, а потоа измислуваше и додаваше еден куп услови за нивното одржување.

Сега го прави истото. Бара услови, повикувајќи се на забелешките и препораките на ОБСЕ и ОДИХР кој да потенцирам се и за нас прифатливи, но немаат никаква врска со конкретните предлози за кој денес говореше СДСМ.

Замислете СДСМ предлага казна затвор доколку во последните три месеци пред одржувањето на избори, премиерот или друг министер се појават на ТВ или во некој весник, или пак пуштат во употреба веќе завршен проект, реализиран во согласност со владините програми. СДСМ практично предлага Владата ниту да работи, ниту да се појавува на телевизија за да тие можат да се надеваат на сопствен успех. Поточно, СДСМ би сакале да одат на избори но по можност ВМРО-ДПМНЕ и Груевски да не учествуваат во изборите.

Посебно би сакале да се осврнеме на последниот дел од прес конференцијата на СДСМ во кој тие се закануваат дека ќе се справеле со власта на некаков друг начин освен на избори. Тоа за нас е најочајниот дел од стратегијата за спас на кариерата на Црвенковски. Ова е само доказ дека за г. Црвенковски не постојат граници и е спремен да направи било што само за да се врати на власт. Расфрлањето со закани е само промоција на сопствениот страв.

За нас е јасно дека сите овие постапки од страна на СДСМ се со цел да се спаси личната кариера на Бранко Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија