Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека кога е во прашање бегалската криза Европската унија е „слаба, несигурна и парализирана“.
Орбан при обраќањето во унгарскиот парламент изјави дека планот на ЕУ за распределување на бегалците меѓу државите членки е незаконски и дека ќе го прошири тероризмот низ Европа, пренесува Танјуг.
Премиерот на Унгарија истакна дека никој не може со сигурност да каже колку терористи влегле во Европа кои се кријат меѓу бегалците, но дека и да се работи за само еден терорист, и тоа е премногу.
Тој додаде дека ЕУ треба да заборави на политичката коректност и да се врати на здравиот разум така што ќе ги усвои мерките за заштита на своите надворешни граници, својата култура и економските интереси и да им обезбеди право на европските народи да влијаат врз одлуките на ЕУ.
Унгарија на своите граници со Србија и Хрватска подигна ограда како би го ограничила приливот на белгалци.