Заев и Вистината за Македонија во Словенија

Од:

На барање на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (IFIMES), во Љубљана, Словенија, претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе одржи предавање на тема Вистината за Македонија.

Предавањето на претседателот Заев е во рамки на циклусот предавања “Западен Балкан и ЕУ“ што ги организира овој институт.

Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (IFIMES) го најавува претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како политичар во Македонија кој сака да обезбеди благосостојба за сите граѓани на Македонија, транспарентност и граѓански слободи.

“Актуелната Влада во Македонија тоа не им го овозможи на граѓаните на Македонија, туку дури повеќе години незаконски прислушувала повеќе од 20.000 граѓани во земјата, што доведе до масовни протести на граѓаните, независно од етничката припадност, кои и со посредство на ЕУ се изборија за преодна Влада и предвремени избори“ наведува Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (IFIMES), во поканата за отвореното присуство на предавањето на претседателот Заев во Љубљана.

На предавањето што ќе го одржи утре, вторник, 17.11.2015 година, претседателот Заев, ќе зборува за актуелната ситуација во Македонија, регионалната соработка и евро- иднината на Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците