(ВИДЕО) Цветковски: Оставка на министерот за здравство, Никола Тодоров

Од:

Интегрален текст од прес конференцијата на Томе Цветковски, потпретседател на ОО ЛДП-Битола:

Состојбата во македонското здравство е повеќе од алармантна. Секојдневно изгубени животи, немили настани, со трагични последици по животот и здравјето на пациентите.

Долговите на здравствените институции во Македонија се над 50 милиони евра, здравството во Македонија има обврски од 72 милиони евра, а министерот чувствувал морална одговорност.
Морална одговорност, кога на клиниките ви пукаат во доктори и сестри, кога никој не е задоволен од услугите во болниците, кога должите милионски суми, кога имате масовен егзодус на доктори во приватниот сектор и во странство не може да постои. Помеѓу моралната одговорност и вистинска и реална оставка од министерот мора да постои знак на равенство.
Затоа, ЛДП уште еднаш го повикува Министерот, кој го води еден од најзначајните ресори за животот и здравјето на луѓето, ако има барем малку морал и етичност, итно да си поднесе оставка, затоа што само така ќе ја покаже својата загриженост за состојбата во ресорот со кој управува.

Оставката треба да ја поднесе за да се спречи и натамошното уништување на здравствениот систем во државата, она што се случи во Скопје да не ни се случи во Битола, Прилеп, Ресен.
Како битолчани, бараме оставка и затоа што во неговото владеење, Штип и Тетово добија Медицински факултети, Битола остана со Висока медицинска школа, Скопје е планирано да добие нов Клинички центар, а Битола би требало да добие промена на прозорците и нова фасада.

Неодамна во соседството имавме пример, кога министер за здравство по загубен човечки живот си поднесе оставка, што е најнормален политички потег во развиените земји. Се дури, таквата пракса не стане наше секојдневие, далеку ќе бидеме од демократска држава.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже: „Гласав за банките, а не за народот”

Горан Наумовски

Груевски: НБРМ ја слушна ЛДП и ги намали трошоците на банките, на ред се банките да ги намалат трошоците кон граѓаните