СДСМ: Ги повика ли „Курир“ меѓународните институции?

Од:

„Медиумските курири во текот на вчерашниот ден најавија дека ќе повикаат меѓународни институции за медиумите во Македонија.

СДСМ едвај чека тоа да се случи.

Граѓаните на Република Македонија најдобро знаат како функционираат медиумите коишто имаат „про форма“ сопственик, кој го кријат од јавноста.

На пример импресумот на интерент порталот „Курир“ се уште е јавно недостапен. Зошто овој медиум се уште не го објава?

Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан, според Репортери без граници.

Катастрофалната состојба со слободата на медиумите е потврдена и во Извештајот на Европската комисија. Комисијата забележува уназадување на слободата на изразување во Македонија, нотира заплашување на новинарите и изразува сериозна загриженост за уредувачката политика кај некои медиуми.

Дел од условите коишто ги бара Комисијата се и регулацијата на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.

Уште еднаш СДСМ апелира до „Курир“ што побрзо да ги повика меѓународните институции и организации за состојбата со медиумите во Македонија.

Граѓаните имаат право на слобода на избор, имаат право на слобода на мисла, на слобода на говор“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ