Иако некои медиуми објавија дека Новак Ѓоковичќ нема да игра на Мастерсот во Париз, од таборот на српскиот тенисер, за српската Б92 потврдиле, дека сигурно ќе настапи.
Вториот тенисер на светот не се чувствувал добро на тренингот во понеделникот, но ќе биде подготвен за мечот од второто коло.
Првиот натпревар од Мастерсот во Париз, Ѓоковиќ го игра во среда, со подобриот од дуелот Сем Квери – Фернандо Вердаско.