Пропуст на француската полиција – Го запреле терористот, па го пуштиле

Од:

Патрола на француската полиција го запрела Салах Абдеслам, еден од осомничените за нападот во Париз, но после контролата го пуштиле да го продолжи патот кон Белгија.

Како што се наведува, полицијата неколку часа по нападот во Париз, на границата со Белгија го запрела возилото во кое бил Салах Абдеслам, и тоа откако веќе бил идентификуван како личност што изнајмила “поло“, пронајдено на место на нападот на Париз.

Француската полиција потврди дека патролата го запрела бараниот терорист, го преверила идентитетот и го пуштиле да си оди, без да се посомневаат и да увидат дека е тој личноста што ја бараат.

Салах е еден од тројцата браќа кои го извршија нападот во Париз.

Би можело да ве интересира

20 години затвор за Французинот кој 10 години ја дрогирал и ја изнајмувал за силување сопругата

Катерина Ѓуровски

Касациониот суд во Франција ја потврди пресудата за Саркози

Пет лица загинаа на северот на Франција, напаѓачот уби и двајца чувари

Горан Наумовски

Сијарто: Унгарската амбасада во Париз доби закана за бомба

Макрон: „Денес започнува нова ера за Франција“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Кризата во Франција е многу полоша од нормална политичка криза

Катерина Ѓуровски