„Македонска магија: Го посетивме балканскиот град Скопје“ e насловната страница на ноемврискиот број на светското списание, специјализирано за класична музика „БиБиСи мјузик“. Во рамките на циклусот „Музички дестинации“, новинарката Џесика Дахен инспирирана од нашиот реномиран пијанист Симон Трпчевски го посети Скопје, односно „древното срце на Балканот”.
– Македонија, поранешен дел од Југославија е најпозната како родно место на Александар Велики. Но, позната е и по сеќавањето на страдањата по разурнувачкиот земјотрес во 1963. година. Во Македонија, колку повеќе загребувате под површината, толку повеќе наоѓате, во секоја смисла.
– Нејзината душа останала неоштетена, историски, во атмосферата, фасцинирачки, а нејзините дострели во класичната музика секоја година стануваат се повозбудливи. Ова, пред се, се должи на влијанието на еден од главните поттикнувачи: пијанистот Симон Трпчески, кој на 33-годишна возраст стана главен културен амбасадор, пишува Дехан.
Новинарката на најпродаваното списание, Трпчевски го смета за посветен локален херој кој не заборава од која земја доаѓа и не ги заборава своите корени.
Во посебни делови од текстот, Дехан пишува и за фестивалите „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Џез фестивал”, концертите на Македонската филхармонија, но и за историјата на Македонија.