СДСМ: „Курир“ и „Република“ се бездушни

Од:

„Дали денеска кога цела Македонија сочувствува со болката на семејствата на загинатите и со сите граѓани на Франција, кога граѓаните од слободарските земји испраќаат пораки на сочувство и солидарснот, само „Република“ и „Курир“ да шират паника и невистина?

Дали е можно денеска „Република“ и „Курир“ да ги злоупотребуваат во политички цели тешките моменти по теористичкиот напад во Франција што одземаа стотина жртви и ранети, од досега достапните информации.

Дали медиумите „Курир“ и „Република“ немаат никакви етички или човечки норми и не може да се издигнат над нивниот партиски интерес?

Медиумските курири покажаа дека се бездушни и немаат морал.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро ги осудува пишувањата на „Република“ и „Курир“ со коишто шират паника и невистини во јавноста.

Срамота. Па каде ви е човечноста?

Терористичкиот напад во Франција е напад на универзалните вредности за слобода, еднаквост и солидарност.

Злоупотребата на тагата и болката на цела Франција и граѓаните од слободарските земји покажа колку ниско паднаа одредени медиуми во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација