„Национална Демократска Преродба изразува најискрено сочуство до семејствата на жртвите од нападот во Париз, во оваа тешко време за францускиот народ во целина. Овие се случаеви каде што целиот демократски свет треба заедно да ја дели болката со францускиот народ во најтешките моменти од своите животи.
НДП изјавува дека нападот во Париз не е само напад врз Франција, туку е и напад врз над сите универзални вредности и дека овој абнормален чин треба да се осуди од целото човештво во земјата. Овој чин треба итно да ги обедини сите народи од добра волја, без разлика на вера или некоја друга социјална категоризација, додека не е премногу доцна бидејќи овие абнормални дела може многу брзо да се претворат во нормални акти на однесување предизвикувајќи вистински хаос со жртви уште потешки за човештвото.
Најискрено сочуство до францускиот народ уште еднаш“, се вели во соопштението на НДП.