Расел Вестбрук со 21 поен, 17 скокови и 11 асистенции беше најзаслужен за победата на Оклахома против Филаделфија во еден од 11.те НБА натпревари одиграни ноќта петок кон сабота.
„Трипл-дабл“ ефект оствари и Ражон Рондо од Сакраменто во победата над Бруклин Рондо реализира 23 поени, имаше 10 скокови и 14 асистенции.
Резултати:
Индијана – Минесота 107:103,
Орландо – Јута 102:93,
Бостон – Атланта 106:93,
Њујорк – Кливленд 84:90,
Торонто – Њу Орлеанс 100:81,
Чикаго – Шарлт 102:97,
Мемфис – Портланд 101:100,
Оклахома Сити – Филаделфија 102:85,
Далас – ЛА Лејкерс 90:82,
Денвер – Хјустон 107:98,
Сакраменто – Бруклин 111:109.
Вечер се играат седум дуели.
Пласман Источна конференција: Кливленд 8-1 (победи-порази), Атланта 8-3, Торонто 7-3, Чикаго 6-3, Мајами 6-3, Детроит 5-3, Индијана 5-4,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 10-0, Сан Антонио 6-2, Оклахома Сити 6-3, Далас 5-4, ЛА Клиперс 5-4, Денвер 5-4, Феникс 4-4,…