Унгарија денеска ја обвини Eвропската унија за лицемерие откако неколку членки на Унијата почнаа со подигнување огради на границата за да спречат прилив на бегалци и мигранти поради што оваа држава претходно беше критикувана.
– Не е интересно да се подигнуваат огради на својата граница. И ние тоа не го правиме поради забава. Но, ние моравме да се браниме себеси бидејќи не постои заедничко европско решение, изјави Петер Сијарто, шеф на унгарската дипломатија.
– Се работи за лицемерие, изјави Сијарто пред новинари во Прага и додаде дека досега Унгарија е единствената држава која можела да спречи бегалски бран.
– Не сметаа за фашисти, за диктатори, како непочитувачи на вредностите на ЕУ, додаде Сијарто.
– Сега погледенете ги соседните држави – што прават сега? Подигнуваат технички препреки на своите граници. Но, што значи техничка пречка? Ограда и жица, изјави Сијарто.