СДСМ: Да го исчистиме и воздухот и Никола Тодоров

Од:

„Од прскалките на Никола Груевски и Коце Трајановски излегоа нивните лаги дека со нив може да го решат канцерогеното загадување на воздухот.

Граѓаните не знаат колку нивни пари потрошија Груевски и Трајановски за нефункционалните прскалки и мирисот на оцет што дојде со нив.

Она што го знаат граѓаните на Скопје е дека според последните достапни податоци дишат воздух загаден неколку пати позагаден од максимално дозволените граници.

Она што го знаат граѓаните на Тетово е дека и минатата ноќ дишеле воздух 7 пати позагаден од дозволеното.

Според Извештај на Светска банка, Македонија е на прво место по изложеност на граѓани на загаден воздух со црски честички што предизвикуваат рак.

Според банка над 4.500 луге заболуваат од рак секоја година во Македонија.

Колку Груевски не работи во интересите на граѓаните покажува хаосот што кулминира по болниците каде треба да се лекуваат луѓето.

Според информациите што ги имаме, хирурзите од дигестивната клиника не оперираат, протестот може да продолжи и од понеделник, а поддршката се шири.

Политиките на Груевски не само што ги разболеа граѓаните. Политиките на Груевски водат кон тоа да нема кој да ги лечи болните граѓани. СДСМ ги поддржува пациентите и лекарите, бараме оставка од Никола Тодоров!

Никола Тодоров како и Коце Трајановски немаше да си играат со здравето на граѓаните да не им го дозволува тоа Груевски.

Ќе го исчистиме и воздухот и Никола Тодоров. На 24-ти април доаѓа пролетно чистење од политиките на Никола Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ