ЛДП: Македонското образование со лоша оценка за квалитетот

Од:

„Незадоволството што последните години го чувствуваат сите чинители на образовниот процес го потврдуваат и бројните релевантни меѓународни истражувања кои ја сместуваат Македонија во долниот дел од табелите по квалитетот на образованието. Со вакви аргументи, Либерално-демократската партија ги отслика резултатите од реформите во македонското образование спроведени од ВМРО-ДПМНЕ, на трибината во Виница како дел од серијалот „Македонија после Груевизмот – Либерални решенија“.

ЛДП смета дека основното и средното образование во нашата држава се обременети со несуштински реформи и програми. Врв на тие реформи е токму екстерното тестирање кое претставува траума за сите чинители на образовниот процес.

Токму затоа, како либерално-демократска партија ќе бараме укинување на екстерното тестирање, ревизија на наставните планови и програми, учебниците и наставните помагала.

Ќе понудиме реформи кои ќе значат квалитетно и праведно образование. Намалување на административните обврски на наставниците, со цел подобрување на квалитетот на наставата и работа со учениците. Поврзување на средните стручни училишта со стопанството и приватниот сектор. Во високото образование, враќање на автономијата на универзитетите, зголемување на финансиската поддршка за научно – истражувачка работа и иновативни практики како и подобрување на стандардот на студентите и условите за живеење во студентските домови.

Најважно од се’, сите реформи ќе се донесуваат единствено со целосна вклученост и консултација на сите релевантни учесници во образовниот процес, ученици, студенти, наставен кадар, граѓански организации, експерти и членови на соодветните институции. Само на тој начин ќе создадеме генерации кои ќе можат да одговорат на сите предизвици на современото живеење, истакна Јулиана Николова, член на Извршниот одбор на ЛДП.

На трибината за правниот и судскиот аспект на функционирањето на државата говореше поранешениот претседател на Комисијата за спречување на корупција, адвокатот Драган Малиновски. Никица Корубин член на Извршниот одбор на ЛДП, се посвети на делот на актуелната состојба со човековите слободи и права. Завршен збор на трибината, како и осврт на моменталните политички случувања имаше претседателот на ЛДП, Горан Милевски“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство