Путин: Русија е подготвена да соработува со Либан во борбата со тероризмот

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да соработува со Либан во борбата со тероризмот, вклучително и во борбата со групата Исламска држава, пренесе ТАСС.

Путин ова го изјави еден ден откако во Бејрут беше извршен атентат, за кој одговорноста ја презеде ИД.

Во атентатот, според последни податоци, загинаа 43 лица и 239 се повредени, од кои некои се наоѓаат во критична состојба, посочува либанскиот Црвен крст.

Во телеграмата со изрази на длабоко жалење до претседателот на либанскиот Парламент, Набих Бери, рускиот претседател изразува надеж дека нарачателите на атентатот ќе бидат казнети .

Либанскиот премиер Тамам Салам за денеска свика итна седница на Владата и на врвот на армијата, пренесоа британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Русите отвораат нов фронт: „Одлуката е веќе донесена“

Горан Наумовски

Орбан: ЕУ ја загуби војната во Украина

(ВИДЕО) Напад со дронови во рускиот град Казан

А1он

Пожар во притвор во Русија: Има мртви

Руските сили за воздушна одбрана соборија 36 украински беспилотни летала во текот на ноќта

Ракетен напад врз Киев, најмалку две лица повредени, пожари на повеќе локации