Голден Стејт славеше на гостувањето кај Минесота

Од:

Шампионот во НБА лигата тимот на Голден Стејт ја продолжи серијата победи откако ноќеска триумфираше на гостувањето кај Минесота со 129:116. Ова за Голден Стејт беше десетта победа и е единствената екипа без пораз во лигата. Најдобар на теренот беше Стеф Кари со 46 поени.

Ноќеска се одиграа уште два натпревара, на кои победија домашните екипи. Феникс го совлада ЛА Клиперс со 118:104, а предводници на триумфот беа: Брендон Најт, кој постигна 37 поени (рекордни за него во кариерата) и Ерик Бледсо, кој беше на чекор до „трипл-дабл“ (26 поени, 10 скокови и 9 асистенции).

Мајами во третиот дуел постигна минимална победа над Јута со 92:91.
Пласман Источна конференција: Кливленд 7-1 (победи-порази), Атланта 8-2, Мајами 6-3, Торонто 6-3, Детроит 5-3, Чикаго 5-3, Индијана 5-4, Шарлот 4-4,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 10-0, Сан Антонио 6-2, Оклахома Сити 5-3, ЛА Клиперс 5-4, Јута 4-4, Далас 4-4, Минесота 4-4, Денвер 4-4, Хјустон 4-4, Феникс 4-4,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on