СДСМ: Нема веќе ВМРО-МВРО, нема веќе злоупотреба на државните институции

Од:

„Одлуката на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, дека престануваат да важат сите пренесени овластувања од министрите кои раководеле со МВР од денот на изборот на новиот министер е за да се спречат сите злоупотреби.

Граѓаните слушнаа од проектот Вистината за Македонија какви се злоупотреби се правеле токму под Министерството за внатрешни работи, почнувајќи од незаконското прислушување па се до функционирањето на целото министерство како штаб на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборите.

Нема никаков хаос во Министерството за внатрешни работи туку воведување законски ред и обезбедување на целосно почитување на законите, транспаретното и одговорно работење на МВР во интерес на граѓаните.

Нема веќе ВМРО-МВРО. Нема веќе злоупотреба на државните институции. Министерството за внатрешни работи, како државна инситуција, ќе им служи на сите граѓани во Македонија а не само на една партија како досега.

Нервозните реакции на медиумските курири под контрола на уредникот Никола Груевски ја покажуваат паниката во власта од превземањето на контролата од страна на граѓаните.

СДСМ заедно со граѓаните ја враќа одземената контролна улога на граѓание на Македонија.

Тоа најмногу ги загрижува медиумските курири на уреникот Груевски.

Јасно е, Никола Груевски целосно за загуби. Лагите во медиумските курири не може да му помогнат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он