Времен прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Од:

Поради изведување градежни работи со минирање на патот Кичево – Охрид на делот помеѓу Пресека –  село Врбјани  од 13 до 15 часот денеска  ќе има прекин на соообраќајо во интервали од 15 до 20 минути, најави „Автомото сојузот на Македонија“.

Од „Манифактура продукција“ информираат дека автопатот А1 кај делницата од мотел „Македонија“ до Градско од 5 до 18 часот денеска  ќе биде затворен за сообраќај поради снимање на филмот „A Fond”. Сообраќајот ќе се одвива по стариот пат, информира „Манифактура продукција“.

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on