Недалеку од западниот брег на Канада ноќеска е регистриран нов земјотрес со јачина од 6.2 степени по Рихтер.
Нема извештај дека последниот земјотрес направил поголема штета, ниту се почувствувал на поголема површина, пренесува АП.
Метеоролошката служба и центарот за предупредување од опасност од цунами на Аљаска соопшти дека не се очекува земјотресот да предизвика цунами.