„ВМРО-ДПМНЕ потврди дека Никола Груевски излажал за бројни странски компании дека ќе инвестираат во Македонија а тоа никогаш не се случило.
ВМРО-ДПМНЕ не демантираше дека лично Никола Груевски вети милијарди евра странски инвестиции кои никогаш не се реализиара.
Впрочем и Народна банка потврди дека Македонија е на дното во Европа и регионот по странски инвестиции.
Македонија е последна во Европа по странски инвестиции поради катастрофалните „дил оринтед“ политики на Груевски и Пешевски.
Само фрлените лопати и пресечените црвени ленти останаа најуспешни проекти на Груевски.
Вистината што не можат да ја сокријат Груевски и неговото “дилориентед“ друштво е дека поради нивните економски промашувања над 180 илјади граѓани живеат со по 40 денари на ден.
Undoing business политиките на Груевски оставија 21.000 домашни фирми со блокирани сметки. Во Македонија се затворија 10.000 домашни фирми, а секоја трета е со блокирана сметка.
Undoingbusiness условите натераа 623.312 граѓани да се иселат од Македонија.
По 24-ти април Македонија става крај на погрешните „дил-ориентед“ политики коишто ги осиромашија граѓаните, ја урнаа економијата и ја загрозија иднината на држава.
Граѓаните знаат. Победува европска и економски напредна Македонија.
Збогум Никола и збогум за твоето „дил-ориентед“ друштво!“, велат од СДСМ.