„Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП), со огромно задоволство го поздравува изборот на преодната Влада и им посакуваме успешна и плодна работа на новите министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика и на тројцата заменици министри со право на вето. Веруваме дека овој историски чекор е важен момент за повторно враќање на демократските вредности и принципи.
Истовремено сакаме да упатиме апел до сите припадници на Турската етничка заедница во Р. Македонија да не потклекнат на веќе прочитаните притисоци и закани на владеачката структура. Особено ги охрабруваме етничките Турци кои се вработени во јавната и државната администрација да се ослободат од манипулациите на владеачките медиумски мегафони кои шират неосновани шпекулации.
Уште еднаш потенцираме дека целта на преодната Влада и новите министри и заменици министри не е политички реваншизам, туку враќање на довербата на институциите и создавање на демократска атмосфера која ќе гарантира фер и слободни избори. Не само што во следниот период нема да бидат испуштени вработените во јавната и државната администрација, туку наша цел е да им овозможиме и унапредувања на истите. И во иднина ќе се залагаме да овозможиме нови работни места за припадниците на Турската етничка заедница и да се пополнат сите места кои следуваат според Рамковниот договор.
Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП), со будно око ќе ги следи сите процеси и активно ќе земе учество за да ја контролира и гарантира слободната волја на граѓаните“, се вели во соопштението на ТХП.