МВР го демантира пишувањето на Курир

Од:

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија го демантира текстот на порталот „Курир“, „Луксузни возила за себе и соработниците-прв приоритет на новиот министер за внатрешни работи“, од 11.11.2015 година.

Министерството за внатрешни работи потенцира дека наводите во текстот се невистинити. На новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски му беше доделено она што следува на неговиот кабинет согласно Правилникот за распределба , користење, одржување и обновување на возилата на Министерството за внатрешни работи, кој е донесен на 30.11.2009 година врз основа на член 55 од Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Во Министерството за внатрешни работи, како што веќе информиравме, на 11.11.2015 година извршено е примопредавање на функцијата помеѓу претходниот министер м-р Митко Чавков и новиот министер Оливер Спасовски. Исто така, на оваа средба новиот министер беше запознаен со активностите и работната содржина на Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари