(ВИДЕО) Јаневиќ: Независна истрага за случувањата во Куманово и откривање на нарачателите

Од:

Либерално-демократската партија го поздравува фактот што на денешната седница на Собранието на Р.Македонија ќе се изберат нови министри и нови заменици министри кои треба да бидат контролен механизам и да дадат гаранција дека во април ќе имаме минимум фер избори. Ова de facto е учество на опозицијата во постоечката влада, но свесни сме дека ова беше единствен и цивилизиран начин за нормализирање на состојбата и директен влез во узурпираниот систем на државата, рече Филип Јаневиќ портпаролот на ЛДП.

Оваа собраниска седница е најдобар демант на лагите на Груевски кој јавно ветуваше дека ДПМНЕ нема да учествува во никаква преодна влада и дека предвремени избори нема да има. Од денеска ќе имаме преодна влада, во април ќе се одржат парламентарни избори, а Груевски до крајот на декември нема повеќе да е премиер.

Со изборот на новите министри, очекуваме значително да се намали притисокот кон јавната администрација, земјоделците, социјално загрозените како и други фокус групи, на кои оваа власт вршеше невиден притисок кој најмногу се чувствуваше во предизборниот период.
ЛДП очекува да се отпочне со независна истрага за случувањата во Куманово и да се откријат вистинските нарачатели. Само да потсетиме, во настаните од Куманово животот го загубија 8 полициски припадници а 37 беа ранети.

Знејќи дека текот на настаните е крајно неповолен за врхушката на ДПМНЕ и ДУИ, очекуваме да продолжат да го опструираат договорот од Пржино и на различни начини да го дефокусираат вниманието на јавноста. Би било политички наивно да се очекува дека ДПМНЕ и ДУИ ќе реагираат на друг начин.

Она за што како ЛДП негодуваме, е фактот што во овој пакет на кадровски смени по министерствата, не се најде и министерот за здравство кој остави зад себе невиден хоас и безредие, покажувајќи се како крајно некадарен да ги заштити и пациентите и лекарите. Немајќи доблест да си поднесе оставка, очигледно дека на изборите во април граѓаните ќе му ја покажат излезната врата.

Би можело да ве интересира

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа