Македонскиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски стана член на Друштвото на писатели на Србија

Од:

Познатиот македонски сатиричар Миле Ѓорѓијоски стана член на Друштвото на писатели на Србија, како резултат на долгогодишната соработка со автори од оваа земја, а по иницијатива од српските сатиричари.

Како што изјави за МИА, тој е изненаден и почестен со оваа членска книшка од УКС.

– Ова е големо признание и чест, како за мене, така и за македонската сатира, која во последно време бележи сѐ повеќе успеси. Се надевам дека во иднина љубителите на сатирата  ќе ги изненадиме со уште многу пријатни вести и со ште многу изданија, рече  Ѓорѓијоски.

Миле Ѓоѓријоски е автор на дваесетина изданија од областа на хуморот и сатирата, од кои осум сопствени наслови, афоризми и сатирични приказни, а е коавтор и подготвувач  и на првата балканска антологија на еротски афоризми „На врвот од вулканот“. Член на друштвото на писатели на Србија е и сатиричарот Васил Толевски.

Инаку, Ѓорѓијоски, заедно со карикатуристот Миро Ѓеоргиевски и афористичарот Марјан  Ангеловски, деновиве престојуваат во Србија на хумористично-сатирична турнеја каде ќе се промовира македонскиот афоризам и карикатура. Турнејата е во организација на тетовското Здружение за култура и уметност„ Ило Антевски-Смок“.

Би можело да ве интересира

Почина писателот Видое Видичевски

Ана Ололовска

Отворен конкурс за традиционалните годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

Поетите Михаил Ренџов и Мирослав Биелик добитници на „Книжевен жезол“ за 2020 година

Ана Ололовска

Врачени годишните награди на ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ ги соопшти добитниците на наградите за 2019 година

Ана Ололовска

Поетско читање во чест на Блаже Конески

Ана Ололовска