Австрискиот канцелар Вернер Фајман изјави денеска дека воспоставувањето контрола на границите во Италија и Грција е приоритет за запирање на бранот мигранти во ЕУ.
Фајман вели дека контролата на внатрешните граници во ЕУ е помалку ефикасна поради што бегалските бранови биле поместени.
Тој денеска повика на брзо постигнување договор со Турција така што на Анкара би и се дале милијарда евра за да може бегалците да останат таму наместо да продолжуваат кон ЕУ.