СДСМ: Препораката ја спасивме, на 24-ти април ја враќаме европска Македонија

Од:

„Заедно со граѓаните успеавме да ги задржиме евро-интеграциските процеси на Македонија, сериозно доведени во прашање од политиките на актуелната власт.

Непоколебливо, цврсто и одлучно работевме на реализација на преземените обврски во Договорот од 2 јуни / 15 јули и првите резултати кон враќање на демократска Македонија се постигнати.

Препорака од ЕУ за почеток на преговори на Македонија за жал е условена, поради тоа што ни Брисел повеќе не му верува на Никола Груевски.

Има корупциски скандали и мешање на политиката во инститиите во Македонија. Договорот од Пржино е најдобар начин да се стави крај на политичката криза.

Примената на Договорот ќе се разгледа по изборите, кога ќе следува нов извештај од ЕУ за Македонија.

Ова е директно изговорено од еврокомесарот за проширување, Јоханес  Хан предмалку во Брисел!

Ова е директна порака до Никола Груевски и неговата власт, дека не смее да се дрзне да не го почитува договореното или да помисли на криминален, корупциски, насилен изборен процес!

Европа сака Македонија со европски вредности.

СДСМ продолжува да работи на нормализација на државата.

Одлучни сме, по 24 април ја враќаме слободна и европска Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски