Поради потребите за снимање на францускиот филм во продукција на Мануфактура, делот од автопатот А1, делницата од мотел Македонија до Градско утре ќе биде затворена за сообраќај од 5:00 до 18:00 часот. Сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.