Полската конзервативна партија Право и правда (ПиС), која победи на недоамнешните парламентарни избори во Полска, денеска ја предложи Беата Шидло за нов полски премиер.
– Тоа е желбата на нашите гласачи, на партијата и на претседателот, Нејзината кандидатура ја има нашата целосна поддршка, изјави лидерот на ПиС, Јарослав Качински.
Како што јави ТАСС, покрај номинацијата на Шидло, која важи за претставник на умереното крило на партијата, Качински ги објави и кандидатите за министри во нејзината идна влада.
Кабинетот ќе има тројца вицепремиери – Пјотар Глински, кој ќе биде и министер за култура и национално наследство, Јарослав Говим, кој ќе биде и прв човек на Министерсвото за наука и високо образование, и Матеуш Моравецки, кој ќе раководи со ресосот развој.
Нов шеф на полската дипломатија ќе биде Витолд Вашчиковски, а за минстри за одбрана и за внатрешни работи се предложени Антони Мачеревич и Мариуш Блашчак. Павел Шаламаха ќе раководи со Министерството за финансии, а Давид Јацлевич ќе биде министер за државниот буџет.
Во коментар на предложените кандидати за министри, полските медиуми оценуваат дека најктроверзен меѓу нив е Мачерович, која треба да раководи со Министерсвото за одбрана. Тој беше заменик-министер за одбрана од 2005 до 2007, кога беше расфомирана полската служба за воено разунавање со цел, како што тој објасни тогаш, „да се прочисти од агенти од комунистичкиот период“, што беше оценето како значително ослабување на тајните служби на земјата.
Согласно полскиот Устав, откако официјално ќе го добие мандатот за формирање нова влада, Шидло ќе има рок од 14 дена листата со кандидати за новите министри и програмата за работа на нејзиниот Кабинт да ги достави до Сејмот и да побара изгласување доверба.
На изборите на 25 октимври ПиС освои 235 места во 460-члениот полски Сејм, обезбедувајќи апсолутно мнозинство.
Конститутивната седница на новиот Сејм е закажана за 12 ноември, кога досегашната премиерка Ева Копач треба официјално да поднесе оставка, со што ќе почне постапката за избор на нова влада.