Трошоците на живот бележат намалување од 0,5 отсто

Од:

Трошоците на живот во однос на претходниот месец останеле непроменети, а во однос на октомври лани бележат намалување од 0,5 отсто.

Цените на мало во однос на септември се пониски за 0,2 отсто, а во споредба со октомври лани за 1,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Трошоците на животот во октомври годинава се на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано движење во подгрупите. Пораст е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,3 отсто, конзервираната риба за 1,1 отсто, тестенините и други прехранбени производи за 1 отсто, мастите и маснотиите за 0,9 отсто, свежото млеко за 0,4 отсто, преработките од млеко за 0,3 отсто, месото и полутрајните колбасичарски производи за 0,2 отсто.

Пораст на индексот на трошоците на животот во октомври 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај обувките за 4 отсто, цврстите горива и мебелот за 3, гасот за домаќинствата и течните горива за домаќинствата за 2,6 проценти, лековите за 2,1 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 1,9 отсто, накитот и часовниците за 0,7 отсто, друго образование за 0,6, течните горива и мазива за 0,4, услугите за одржување и поправки на станот за 0,3 отсто.

Намалување на индексите е забележано кај свежото овошје за 8,7 отсто, свежиот зеленчук за 0,8 отсто и сувото овошје за 0,5 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај авионскиот превоз на патници за 11,4 отсто, велосипедите за 1,6 отсто, облеката за 0,9, средствата за чистење и одржување на станот за 0,7, информатичката опрема за 0,6 и материјалите за одржување и поправки на станот за 0,5 проценти.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он