Кошаркарите на Детроит беа единствената екипа која оствари гостинска победа на ноќеска одиграните дуели во НБА лигата. По три четвртини Портланд водеше со 92:79, но во последната Детроит беше надмоќен и ја доби со 41:11.
Реџи Џексон со 40 поени беше најефикасен, од нив 26 ги постигна во последниот период, додека Андре Драмонд имаше 29 поени со 27 скокови.
Тандемот Леброн Џејмс и Кевин Лав донесе победа на Кливленд над Индијана. Џејмс постигна 29 поени, а Лав 22 со 19 скокови.
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Кливленд – Индијана 101:97,
Њујорк – ЛА Лејкерс 99:95,
Мајами – Торонто 96:76,
Оклахома Сити – Феникс 124:103 и
Портланд – Детроит 103:120.
Пласман Источна конференција: Атланта 7-1 (победи-порази), Кливленд 6-1, Детроит 5-1, Торонто 5-2, Чикаго 4-3, Милвоки 4-3, Мајами 4-3, Вашингтон 3-3,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 7-0, Јута 4-2, Сан Антонио 4-2, ЛА Клиперс 4-2, Минесота 3-2, Хјустон 4-3, Оклахома Сити 4-3, Портланд 4-3,…