Измените на законите за персоналниот данок и за платниот промет на 71. собраниска седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 71. седница на чиј дневен ред се измените на законите за персоналниот данок, за платниот промет и за задолжителни нафтени резерви, сите по скратена постапка.

Пратениците ќе расправаат и за измените и дополнувањата на Законот за финансиска дисциплина, на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост и на Законот за земјоделското земјиште, во прво читање, како и за измените на Законот за пасиштата.

На дневен ред е и предлог на закон за дополнување на Законот за одбрана, како и измените на Законот за служба во Армијата на Република Македонја, двата во прво читање.

На продолжението на оваа собраниска седница пратениците ќе го разгледаат и предлог законот за амнестија, поднесен од 11.069 избирачи, како и годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2014 година.

Неколку барања за давање автентично толкување на членови од закони исто така се на дневен ред за 71.собраниска седница.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули