Харден постигна 46 поени против Лос Анџелес Клиперс

Од:

Кошаркарите на Хјустон ја забележаа четвртата победа во серија откако претходно на стартот од сезоната имаа три загубени натпревари. Тие ноќеска на гости го победија тимот на ЛА Клиперс, кој настапи без најдобриот играч Крис Пол.

Најефикасен играч беше Џејмс Харден од Хјустон, кој на втор натпревар по ред постигнува повеќе од 40 поени, против „клиперси“ постигна 46, а претходно против Сакраменто 43.

Атланта ја оствари и седмата победа во низа и се зацврсти на првата позиција во источната конференција со скор 7-1 (победи порази), додека без пораз е само шампионот Голден Стејт со биланс 7-0.

Резултати на ноќеска одиграните натпревари:

Чикаго – Минесота 93:102,
Филаделфија – Орландо 97:105,
Атланта – Вашингтон 114:99,
Далас – Њу Орлеанс 107:98,
Милвоки – Бруклин 94:86,
Сан Антонио – Шарлот 114:94,
Јута – Мемфис 89:79,
Сакраменто – Голден Стејт 94:103 и
Лос Анџелес Клиперс – Хјустон 105:109.
Вечерва се играат пет натпревари.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on