Прскање на улиците за намалување на загаденоста на воздухот

Од:

Градот Скопје денеска почнува со третирање на градските улици со средството калциум магнезиум ацетат како една од мерките за намалување на загадувањето на воздухот.

Прскањето ќе започне на крстосницата на булеварот „Свети Климент Охридски“ со улицата „Свети Кирил и Методиј“, а според најавите од Градот, со овој процес ќе бидат опфатени булеварот „Свети Климент Охридски“ и улиците „Свети Кирил и Методиј“ и „Јордан Мијалков“.

Станува збор за средство што се користи за контрола и намалување на ситната прашина (ПМ10 и ПМ2,5 честичките) и за стабилизација на патиштата. 

Средството е еколошки производ, биоразградлив, не е штетен за растенијата (погоден е за апликација во близина на паркови и зелени површини), и не е корозивен, односно нема да предизвика оштетување на возилата. 

При неговото аплицирање може да се почувствува слаб мирис на оцет, кој не е опасен по здравјето на луѓето.

Брзината на улиците каде што ќе се става средството ќе биде ограничена на 40 километри на час, заради можна појава на лизгавост на коловозот. Ќќе биде поставена и соодветна сообраќајна сигнализација.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања