Почнува третирањето на скопските улици со Калциум Магнезиум ацетат

Од:

Градот Скопје утре на крстосницата на булеварот „Свети Климент Охридски“ со улицата „Свети Кирил и Методиј“ ќе почне со третирање на градските улици со средството Калциум Магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.

Според најавите од Град Скопје, со овој процес ќе бидат опфатени булеварот „Свети Климент Охридски“ и улиците „Свети Кирил и Методиј“ и „Јордан Мијалков“.

Станува збор за средство кое се користи за контрола и намалување на ситната прашина (ПМ10 и ПМ2,5 честичките) и за стабилизација на патиштата.

Средството е еколошки производ, биоразградлив, не е штетен за растенијата (погоден е за апликација во близина на паркови и зелени површини), а најважно е што не е корозивен (нема да предизвика оштетување на возилата). Производот е лесен за апликација и целосно е стабилен, што значи може да се чува за подолг период.

При неговото аплицирање како резултат на неговиот состав може да се почувствува слаб мирис на оцет, кој исто така не е опасен по здравјето на луѓето.

Брзината на улиците каде што ќе се аплицира средството Калциум Магнезиум ацетат ќе биде ограничена на 40 километри на час, заради можна појава на лизгавост на коловозот. На улиците ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он