Прва победа за ЛА Лејкерс, само Голден Стејт без пораз

Од:

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс ја постигна првата победа сезонава во НБА лигата откако ноќеска славеше на теренот на Бруклин со 104:98.

Нивниот ривал (Бруклин) заедно со екипите на Филаделфија и на Њу Орлеанс се единствените екипи кои сеуште немаат победа.

Шампионот Голден Стејт остана единствената непоразена екипа, а нивниот прв играч Стеф Кари ја предводеше екипата до нова победа над Денвер откако постигна осум тројки со 34 поени.
Првиот пораз ноќеска го „забележа“ Торното кој загуби на гостувањето кај Орландо.
Резултати на ноќеска одиграните дуели:

Орландо – Торонто 92:87,
Бостон – Вашингтон 118:98,
Бруклин – Лос Анџелес Лејкерс 98:104,
Кливленд – Филаделфија 108:102,
Њујорк – Милвоки 92:99,
Индијана – Мајами 90:87,
Њу Орлеанс – Атланта 115:121,
Феникс – Детроит 92:100,
Голден Стејт – Денвер 119:104 и
Сакраменто – Хјустон 110:116.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on