(ВИДЕО) Антонио Илиќ: Татко ми го убија на работното место, “Македонија пат“ четири години не сака да ја исплати оштетата

Од:

Семејството на Горан Илиќ, кој беше убиен од разбојници во мај 2010 година додека вршеше транспорт на пари за “Македонија пат“, четири години не можат да ја добијат отштетата која им ја досудил судот. Од власта секоја година добиваат одговор дека “Македонија пат нема пари“, иако Илиќ беше убиен на работното место, без никаква заштита. Синот на убиениот обезбедувач на “Македонија пат“ , Антониот Илиќ, вели дека не може да ја издржи неправдата која се случува и суровоста на власта која тврди дека се грижи за граѓаните.

Се правдаат како тие немаат финансии, а може да се градат споменици, да се купуваат возила од 600.000 евра, а ние не можеме да си го земеме тоа што ни е пресудено. Преку адвокатот комуницираме, велат фирмата нема пари, иако од фондот им даваат пари на “Македонија Пат“, вели синот на Горан Илиќ.

Тој објаснува дека сите овие години само ги лажат.

-Парите татко ми ги транспортираше со обичен пикап, без обезбедување, загина на работно место. Од фирмата не тапкаа по рамо, ќе има вработување, вака ќе биде, така ќе биде, помина толку време и нема ништо. Ние ја тужевме фирмата зашто немаа опрема за обезбедување транспорт на пари, татко ми неколку пати бараше соодветно блиндирано возило. До сега молчев, не отворав никаква тема, но не можам повеќе, не сум вработен, студирав, не успаеав да се запишам на факултет на нова година, ми ја укинаа и таа пензија што ја земав, едноставно е катастрофално во моето семејство, вели Илиќ.

Убијците на Горан Илиќ никогаш не беа пронајдени. Двајца напаѓачи на 25 мај 2010 година отворија оган врз возилото на „Македонија пат“, во кое беа двајца вработени. Совозачот Горан Илиќ (45) беше убиен, а возачот иако ранет, продолжи да вози до трговскиот центар во Автокоманда, каде што му беше укажана помош и беше надвор од животна опасност.

Разбојниците не успеаа да ги одземат вреќите со пари, кои останаа во „пикапот“ на „Македонија пат“. Се шпекулираше дека во комбето имало пет милиони денари.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: На тендер од 10 милиони евра за битумен за Македонија пат, над 4 милиона евра повеќе за транспорт

Катерина Ѓуровски

И шофер во „Македонија пат“ казнет поради возење со „полициски светла“, директорот тврди дека не бил во возилото

Кристијан Ландов

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Наум Локоски

Намалена видливост на Шапка и Стража

Наум Локоски

Забрана за тешки товарни возила на патните правци Дебар-Струга и Велес-Катланово и на премините Плетвар и Ѓавато

Наум Локоски

Поради магла намалена видливост на Стража, Маврово и Шапка, сообраќајот по влажни коловози

Наум Локоски