Силна експлозија се слушна денеска во шведскиот главен град Стокхолм, јавија локалните медиуми повикувајќи се на изјави на сведоци.
Како што пренесува Танјуг, не е познато дали имало жртви или материјална штета од експлозијата, чија причина полицијата се уште не ја утврдила.
Очевидците за експлозијата изјавиле дека била многу силна и се случила на улицата Бренкиркагатан во 11:40 часот по локално време, објави весникот Афтонбладет.
– Не е јасно што се случи, рече официјален претставник на полицијата Албин Неверберг за Афтонбладет.