Лукашенко положи заклетва, ги отфрли економските реформи

Од:

Александар Лукашенко денеска положи заклетва на функцијата претседател на Белорусија, истовремено, отфрлајќи ги повиците за економски реформи.

Тој денеска ги критикуваше болните реформи на пазарот кои во 90-те години од минатиот век ги спроведуваа соседна Русија и Украина, наведувајќи дека таквата политика може да доведе до „револуција или граѓанска војна“.

– Многу луѓе деновиве зборуваа за структурна реформа, но никој не кажа што значат тие реформи. Тие значат уривање на политичкиот систем, целата влада на белорусија, поделба и исчезнување на државата и државниот имот, рече Лукашенко.

на изборите одржани на 11 октомври, Лукашенко освои 83,5 отсто од гласовите на бирачите и останува на местото шеф на државата, на чие чело е веќе 21 година.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад