Романот „Сама“ на Исидора Бјелица наскоро и на македонски јазик

Од:

Новиот роман на една од најмаркатните фигури во српската литература Исидора Бјелица, насловен „Сама“, наскоро ќе биде преведен на македонски јазик.

Оваа интимна исповед ќе ѝ биде достапна на македонската читателска публика благодарение на издавачката куќа Просветно дело.

sama-isidora_bjelica_v

Станува збор за автобиографски роман за дел од животот на Исидора Бјелица за кој досега никој не знаел ништо. Хероината во романот „Сама“ патува низ светот, заминува во Мексико во потрага по клучот на разбирањето на нашето битие и смисла, не знаејќи дека одговорот всушност се наоѓа во нејзиното срце… И кога многу години подоцна ќе се соочи со крајна безнадежност, кога ќе помисли дека сите ја напуштиле и дека останала сама, ќе сфати дека патот до срцето на саканиот води преку сопственото срце.

Романот „Сама“ е уште еден на листата бестселери на Исидора Бјелица, кој воедно беше и најпродавано издание на неодамна завршениот Саем на книга во Белград.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска