Во Сингапур утре ќе се сретнат претседателите на Кина и Тајван, Си Џинпинг и Ма Јинг-џеу, јавија кинеските медиуми.
Првите луѓе на Пекинг и Тајпеј, кои се во лоши односи цели 66 години уште од завршувањето на Граѓанска војна во Кина во 1949 година, ќе имааѕ историска средбам, чија цел е подобрување на билатералната соработка.
Овој неочекуван состанок, според многумина аналитичари, ја потврдува политиката за постепено помирување меѓу Кина и Тајван, кои во минатите седум години успеаја да договорат директни меѓусебни летови, ги решија транспортните несогласувања и заедно го подобрија туризмот во двете земји.
Истовремено, многумина кои ја познаваат состојбата околу кинеско-тајванските односи, истекнуваат дека двете страни можат да платат висока цена за средбата, која се остварува на само два месеци пред претседателските избори во Тајван.